Ердоган: Наша цел е праведно и одржливо решение за Кипар

Од:

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган изјави дека „Турција никогаш нема да дозволи кипарските Турци да бидат малцинство”, јави агенцијата Анадолија.

Ердоган во Никозија се сретна со претседателот на Турската Република Северен Кипар, Мустафа Акинџи по што изјави дека Кипар е прашање од национално значење.

– Кипар е нашето национално прашање. Наша цел е да се пронајде правило и одржливо решение за Кипар, рече Ердоган, додавајќи дека Турција никогаш нема да дозволи Турската Република Северен Кипар да биде жртва на „пат позиција”.

– Секогаш сме биле со кипарските Турци и секогаш ќе бидеме, ја пренесува Анадолија изјавата на турскиот претседател.

Тој додаде и дека целта на Турција е да го удвои националниот доход по глава на жител на Турската Република Северен Кипар и тоа подрачје да се претвори во вистинска атракција во источниот Медитеран.

Посетата на Ердоган на Турската Република Северен Кипар е негова втора посета откако завчера беше инаугуриран за претседател на Турција. Тој претходно престојуваше во Азербејџан каде во Баку се сретна со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски