Синдикатите од јавниот транспорт во Грција времено го прекинуваат штрајкот

Од:

Синдикатите на службениците од јавниот транспорт во Грција објавија дека времено го прекинуваат штрајкот.

Во престолнината Атина со население од четири милиони луѓе за првпат по две седмици се нормализира движењето по „транспортниот колапс“.

До крајот на денот работата ќе ја почнат возачите на автобуси и тролејбуси, а во целата земја ќе се движат возови.

Метрото и трамваите во Атина веќе работат во нормален режим, откако минатата седмица грчката Влада објави граѓанска мобилизација, за да ги принуди штрајкувачите да се вратат на работа и им се закани на оние кои ќе одбијат, со отказ, апсење и затвор.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната