Србија доби 5,5 милиони евра за пругата Ниш – македонска граница

Од:

Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) ќе ја поддржи Србија со 5,5 милиони евра бесповратни средства за изработка на проектно-техничка документација за изградба на обиколница околу Ниш и модернизација на железничката пруга Ниш -Прешево – граница со Македонија, информираа денеска од српското Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура.

Управниот одбор на Инвестициската рамка за Западен Балкан одлуката за финансиска поддршка за подготовка на техничка документација за овие два проекти, ја има донесено на предлог на ова Министерството.

Од вкупниот износ, два милиона евра се одобрени за изработка на проектот за градежна дозвола за еднонасочна пруга околу Ниш, како дел од модернизацијата на железничката пруга на Коридорот 10 од Ниш до Димитровград.

Износот од 3,5 милиони евра доделен е за изработка на идеен проект со физибилити студија за оправданоста и проценка на влијанието врз животната средина за модернизација на пругата Ниш – Прешево – граница со Македонија.

Би можело да ве интересира

Мажот четири пати изгубил свест, лицето на сопругата згмечено: Крваво претепување на брачна двојка во белградска кафеана

ВИДЕО: Страотен судир на автобус и автомобил кај Младеновац, еден мртов над 30 повредени

Катерина Ѓуровски

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски