А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Димовски: Амнестијата за 27 април не е услов за избор на ДИК

by А1он10/07/2018 - 12:5310/07/2018 - 12:56159
Share0

Свесен сум за одговорноста што ја носам како претседател на Комисијата за избори и именувања, но комплицирана е постапката за избор на нов состав на ДИК, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Треба целосна согласност на парламентарните групи. Прв чекор е утврдување на прочистена листа, тоа треба на комисијата за избори и именувања, каде СДСМ има 6 члена, ВМРО-ДПМНЕ 6 и еден Беса на Касами. Второ, листата се праќа до Џафери кој треба да ги извести партиите кои за три дена треба да одговорат со свои предлози. И после комисијата оформува конечна одлука согласност со изборниот законик. Предлогот се доставува до собранието, па се гласа со двотретинско мнозибство. Ако нема усогласеност, процедурата ќе има неуспех. Цела постапка ќе треба од почеток, рече Димовски.

Димовски апелира што побрзо да се усогласат партиите за да не биде притисокот врз Собранието и Комисијата за избори.

– Јас сум свесен за мојата одговорност но тоа го правам да оставиме простор за договор меѓу партиите. Сме разговарале со Џафери кога ќе има респонзивност од партиите, да добиеме зелено светло веднаш ќе ја завршиме постапката, вели Димовски.

Следете a1on на Youtube YouTube

Причина за закочувањето на постапката според Димовски е одложувањето на законите кои беа договорени во пакетот за гласање двотретински закони.

– Талат Џафери може да ме прескокне, но тоа не би било коректно за процесот на избор на ДИК, не би сакале да се доведеме во ситуација да се одложува два месеца, важна е респонзивноста на партиите, рече Димовски, без да прецизира до кога ќе им остави време на партиите да се договорат.

– Сме рсзговарале со Мицкоски, предлогот за закон за амнестија не е поврзан со изборот на ДИК, додаде тој.

Галена Николовска-Ризвановиќ

dikdpmne

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски01/08/2026 - 11:5601/08/2026 - 14:05

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 13:28

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 13:01

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Катерина Ѓуровски12/07/2026 - 12:27

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски01/07/2026 - 14:3401/07/2026 - 14:38

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Катерина Ѓуровски29/06/2026 - 11:51
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео