Иванов присуствуваше на инаугурација на турскиот претседател

Од:

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов заедно со сопругата Маја Иванова присуствуваше на инаугурацијата на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Од Кабинетот на Иванов соопштуваат дека тој му ја честитал на Ердоган победата и постигнатиот успех на предвремените претседателски и парламентарни избори и му посакал успешно извршување на претседателската функција.

Иванов му се заблагодарил на Ердоган за досегашната поддршка од Турција и изразил уверување дека и во наредниот период ќе продолжи пријателството и соработката меѓу двете земји.

На церемонијата што се одржа во Претседателската палата во Анкара, претседателот Ердоган имаше обраќање, откако претходно положи заклетва во турскиот Парламент. На свеченоста присуствуваа 22 претседатели на држави и 28 премиери, претседатели на парламенти и министри.

Би можело да ве интересира

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Во Турција уапсени 348 осомничени во акции против криминални организации

(ВИДЕО) Трагедија во Турција: најмалку 11 жртви и 27 повредени во сообраќајна несреќа

Катерина Ѓуровски

Турција ги забрани социјалните мрежи за деца под 15 годишна возраст

А1он

Во Турција на секои четири минути умира по еден човек како последица од пушењето

А1он

ВИДЕО: Пукање во училиште во Турција, осуммина повредени

Катерина Ѓуровски