Британските конзервативци ќе се обидат да ја урнат Меј?

Од:

Членовите на Конзервативната партија на британската премиерка Тереза Меј можеби обезбедиле поддршка од доволен број членови на партијата за гласање доверба за премиерката, изјави денеска политичкиот уредник на Би-Би-Си Лора Кунсберг, откако двајца министри во Владата поднесоа оставки.

– Има гласини дека ториевските пратеници ја достигнале волшебата бројка од 48 писма за да издејствуваат гласање за доверба – се уште нема начин да се дознае дали е точно – состанок во 17:30, напиша Кунсберг на Твитер.

За да се гласа за доверба на премиерката, потребно е 15 отсто од членовите на Конзервативната партија во Парламентот на Тереза Меј да напишат писмо до претседавачот на таканаречениот „комитет 1922“ на партијата.

Конзервативците моментално имаат 316 членови во Парламентот, така што 48 од нив треба да напишат такви писма за да ја оспорат Меј. Состанокот на „комитетот 1922″ е закажан за денеска подоцна.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Три жени ранети во престрелка во Англија