СДСМ со соопштение реагира на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Граѓаните се свесни за пустошот што после 11 зад себе го остави ВМРО-ДПМНЕ и ги препознаваат и лагите кои ги шират, само за да одбранат криминал.
ВМРО-ДПМНЕ ја влечеше земјата надолу, а граѓаните ги чувствуваа негативните последици од нивните деструктивни политики.
Додека ВМРО-ДПМНЕ го брани криминалот СДСМ е опцијата која ја носи Македонија напред, во ЕУ и НАТО и ја обезбедува македонската иднина.
Македонската безбедност и сигурност се загарантирани, обезбеден е македонскиот идентитет и тоа е потврдено и загарантирано еднаш засекогаш.
Членството во НАТО што се обезбедува преку Договорот, носи огормен раст на економијата, инвестиции, нови работни места, повисоки плати и повеќе пари кај граѓаните“ се вели во реакцијата на СДСМ.