СДСМ: Злоупотребата на трагични настани ја покажува очајната состојба во ВМРО-ДПМНЕ

Од:

СДСМ реагира на денешната прес-конференција на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Искрено жалиме за прерано загубениот млад живот и изразуваме сочувство до семејството, роднините и пријателите. Повикуваме на смиреност кај сите граѓани.

Обидите за злоупотреба на вакви трагични настани ја покажува очајната состојба во ВМРО-ДПМНЕ.

Паничните обиди на ВМРО-ДПМНЕ, со лажни вести и сеење неосновани обвинувања да подгрева тензии, говори за немањето свест и совест во самиот врв на оваа партија.

Како што е и јавно познато, Министерството за внатрешни работи го расчисти случајот за еден ден и брзо ги пронајде осомничените. Лицата се во притвор и очекуваат соочување со одговорноста. Случајот и квалификацијата на кривичното дело е во рацете на надлежното Обвинителство.

Очекуваме, низ транспарентна, законска и институционална постапка виновниците за овој чин да сносат одговорност согласно законите на Република Македонија“ реагираат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски