Падна цената на нафтата на светските пазари

Од:

На светските пазари цената на нафтата минатата недела падна, по две недели раст, што е последица на јакнење на трговската напнатост во светот и зголемувањето на производството во Саудиска Арабија.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела падна за 2,9 отсто, на 77,15 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,4 отсто на 73,80 долари.

Саудиска Арабија ја извести организацијата на земји извезувачи на нафта (ОПЕК) дека во јуни го зголемила производството за речиси 500.000 барели дневно, но ја намалила продажната цена на нафтата за Европа и другите региони, што е знак дека Ријад сака да ја надомести намалената понуда од другите земји и да го стопира растот на цената.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот