Утре и задутре дератизација во Неготино

Од:

По извршеното прскање против комарци, а согласно годишната Програма за комунални дејности на општина Неготино, утре и задутре на територијата на неготинска општина ќе се изврши дератизација.

– Во акцијата ќе бидат вклучени вработени во локалната самоуправа и ЈП Комуналец, стручни лица од Центарот за јавно здравје од Кавадарци и работници на изведувачот на работите “Зотокс” од Скопје. Со дератизацијата е планирано да бидат опфатени околу 1.000 шахти со употреба на 200 килограми парафински блок и тоа со метод на фронтално поставување и поставување на висечки и статички парафински блокови, информира Методи Митрев, портпарол во неготинската локална самоуправа.

Средствата за спроведување на оваа активност се обезбедени од буџетот на општина Неготино.

Би можело да ве интересира

27-годишен маж од Неготино ја истепа 19-годишната невенчана сопруга

Горан Наумовски

Инцидент близу Неготино: 26-годишник е тешко повреден во несреќен случај

ВИДЕО: Изгоре куќа во пожар во Неготино

Катерина Ѓуровски

Семејна драма: Син осомничен дека се закануваше на својот татко

Обвинителство: Маж од Неготино бараше припадниците на ромската националност да им се забрани да гласаат на избори

Горан Наумовски

Рекетар му се закануваше на градоначалникот на Неготино и на неговото семејство, насилникот бараше 3.000 евра

Горан Наумовски