Неколку големи продукциски компании се во трка за купување на холандската ТВ куќа Ендемол, креатор на светски познатото реално шоу „Големиот брат“ („Big Brother“) и познатата серија „Црно огледало“ („Black Mirror“).
Меѓу нив се германската РТЛ и британската ИТВ, како и американската Либерти Глобал („Liberty Global“), која е во сопственост на американскиот милијардер Џон Малоун, сопственик и на Формула 1, пренесува „Јутарњи лист“.
Сопствениците на Ендемол сакаат да ја продадат ТВ куќата за 2,5 до три милијарди евра.