Бразилски суд денеска донесе одлука поранешниот претседател на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва да биде ослободен од притвор до завршувањето на жалбената постапка по пресудата против него.
Понизок суд во април го осуди Лула да Силва на затворска казна од 12 години и еден месец под обвинение за корупција и перење пари. Во тек е жалбената постапка по пресудата.
Лила да Силва тврди дека е невин и ги отфрла ваквите обвинување, оценувајќи дека тие се политички мотивирани.
Анкетите на јавното мислење спроведувани до изрекувањето на пресудата против Лула де Силва во април, укажуваа дека тој би имал најголеми шанси за победа на претседателските избори што треба да се одржат во октомври.
Лила да Силва беше претседател на Бразил од јануари 2003 до јануари 2011 година.