На балканскиот самит во Лондон нема да биде формирана Комисија за жртвите од војните

Од:

На дневниот ред на Самитот за Западен Балкан што во вторник ќе се одржи во Лондон, нема да биде потпишана Декларација за формирање на Регионална комисија за утврдување на фактите за жртвите од војните на територијата на поранешна Југославија од 90-тите години на минатиот век (РЕКОМ).

Како што соопшти денеска црногорската невладина организаицја Коалиција за РЕКОМ, формирањето на Комисијата нема да биде на агендата на Самитот, затоа што на неговите организатори не им биле на време доставенни одлуките на владите од земјите од регионот за нејзинито основање.

– Ветувањата на претседателите на Србија, Црна Гора, Косово и Македонија дека премиерите на нивните влади на Самитот во Лондон на 10 јули ќе ја поптишат Декларацијата за формирање на РЕКОМ не ги дадоа очекуваните резултати, се наведува во соопштението на Коалицијата.

Според оваа невладина организација, до 7 јули не пристигнале одлуките на овие држави за формирањето на Комисијата, па организаторот на Самитот, британското Министерство за надворешни работи решило потпишувањето на Декларацијата за создавањето на РЕКОМ да не биде вклучено на дневниот ред на собирот.

– Потпишувањето на Декларацијата за РЕКОМ беше замислено како манифестација на подготвеноста на лидерите на постјугословенските земји заеднички да се занимаваат со неодамнешното минато и со утврдување на фактите за разните злосотрства и за жртвите, како и да претставува повик до останатите постјугословенски држави – Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија, заеднички да го понесат товарот на минатото и да придонесат за изградба на култура на сочуствување и почитување на сите жртви од војните од 90-тите години, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on