(ВИДЕО) Заев-Данчила: Романија останува посветена на поддршката на Западен Балкан

Од:

Во рамки на еднодневната посета на Софија по повод Седмиот самит на шефови на влади од процесот на соработка на Народна Република Кина со земјите од Централна и Источна Европа (16+1), премиерот Зоран Заев и македонската владина делегација остварија средба со премиерката на Романија, Виорика Данчила и со романската владина делегација.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерката Данчила изразила силна поддршка за евроатлантските аспирации на Република Македонија и во тој правец порачала дека Романија како претседавач со Европската унија од јануари 2019 останува посветена на поддршката за земјите од Западен Балкан.

Премиерката Данчила ја нагласила цврстата определба Романија да и помогне на Република Македонија со советодавна и техничка помош во предпристапниот процес.

Во однос на претстојниот Самит на НАТО којшто ќе се одржи следната недела во Брисел, премиерот Заев рече дека Република Македонија очекува покана и почеток на пристапни разговори за членство во НАТО алијансата, а поддршката што Романија и ја пружа на земјата во овој процес ја оцени како исклучително важна.

На средбата се разговарало за иницијативата за заедничка организација на Бизнис форум како чекор којшто ќе води кон интензивирање на економските релации и билатералната соработка помеѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски