СДСМ: Договорот за 25-годишниот спор ги обезбедува врвните национални и државни интереси

Од:

СДСМ преку писмено соопштение реагираше на изјавата на Наум Стоилковски од ВМРО ДПМНЕ. Реакцијата ја пренесуваме интегрално.

„ВМРО-ДПМНЕ ги менува своите ставови и продолжува да шири лажни вести со што нанесува штета на интересите на државата и граѓаните. СДСМ обезбедува иднина а ВМРО-ДПМНЕ го брани криминалот.

Постигнатиот конечен Договор за 25 годишниот спор ги обезбедува врвните национални и државни интереси, ја отвора вратата за членство во НАТО и ЕУ.

Македонската безбедност и сигурност се загарантирани, обезбеден е македонскиот идентитет.

Ние сме Македонци, нашиот јазик и идентитет се македонски и тоа е потврдено и загарантирано еднаш засекогаш!
Ова се историски успеси за Македонците и за сите граѓани на Македонија.

Членството во НАТО што се обезбедува преку Договорот, носи вртоглав раст на економијата, инвестиции, нови работни места, повисоки плати и повеќе пари кај граѓаните. Истовремено, чекориме кон ЕУ и со тоа заедно градиме држава по европски правила.

Додека ВМРО-ДПМНЕ го брани криминалот, СДСМ и граѓаните ја обезбедуваат европската иднина на Македонија.

Нема веќе враќање назад. Македонија оди напред“, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на Наум Стоилковски од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат