МО: Соработката на Македонија и Црна Гора во одбраната пример за регионот

Од:

Министерствата за одбрана и армиите на Македонија и Црна Гора имаат одлична соработка која може да биде пример за регионот, оцениле државните секретари во двете министерства, Драган Николиќ и Слободан Филиповиќ.

Делегација од Министерството за одбрана на Црна Гора, предводена од државниот секретар Филиповиќ, на покана на својот домаќин, Николиќ, во изминатите два дена беше во работна посета на Република Македонија.

На нивната средба посебно била нагласена соработката во областа на образованието на питомци од Црна Гора на Воената академија во Република Македонија, која во континуитет се реализира од 2010 година, како и летачката обука на припадници од воздухополовството на двете армии.

– Државниот секретар Николиќ го запозна Филиповиќ и со стратешките приоритети на Министерството за одбрана, посебно со донесувањето на Стратегискиот одбранбен преглед и активностите кои произлегуваат од него. Делегацијата од Црна Гора ја посети водухопловната бригада и се запозна со нејзината мисија и задачи, а во разговорите стана збор и за досегашната плодна соработка и начините за нејзин развој во иднина, информира Министерството за одбрана.

Делегацијата присуствувала и на церемонијата на Денот за високи гости на Летниот камп 2018, каде што кратко разговарале и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Исто така, се сретнале и со деканот на Воената академија и со питомците од Црна Гора кои се школуваат на академијата и го посетиле Центарот за обука на вода во Охрид.

Би можело да ве интересира

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

A1on

Шекеринска – Брнз: С. Македонија и САД споделуваат исти вредности, двете држави испишаа историја

Ана Ололовска

Министерството за одбрана годинава ќе биде домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО

Ана Ололовска

МО: АП „Криволак“ прерасна во современ домашен и НАТО капацитет, во 2022 тука ќе се одржат седум меѓународни вежби со над 5.000 учесници

Ана Ололовска