Холандија прогласи за „персона нон грата“ двајца вработени во Иранската амбасада во Хаг, јави ДПА повикувајќи се на разузнавачки извори.
Причините за протерувањето на иранските диплоамти не се познати, а засега нема коментар на ваквата информација од холандското Министерство за надворешни работи.
– Ние можеме да потврдиме дека Холандија прогласи за „персона нон грата“ две лица акредитирани во Иранската амбасада. Не можеме да дадеме други информации, изјави претставник на холандската разузнавачка служба.