Интензивирање на соработката меѓу Министерството за локална самоуправа и Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) беше темата за која денеска разговараа ресорниот министер Сухелј Фазлиу и претседателот на таа комора Неби Хоџа.
Како што информира Министерство за локална самоуправа, Фазлиу го информираше Хоџа за активностите на министерството, за тековните проекти и за постојаните настојувања за рамномерен регионален развој на планските региони.
Фазлиу, како што се наведува, ја истакна важноста на соработката со СКСЗМ додавајќи дека наша силна определба е развојот на планските региони и ублажувањето на развојните разлики меѓу нив.
– Во овој поглед, соработка со СКСЗМ и другите комори во земјата е од особено значење и помага за развој и зајакнување на врските меѓу нив и непосредните врски со стопанските субјекти кои имаат важна улога во економскиот развој и намалувањето на невработеноста, се вели во соопштението.
Хоџа побарал интензивна соработка со Министерството за локална самоуправа, истакнувајќи дека тоа ќе биде пред се во интерес на СКСЗМ и нејзините членови, односно деловните економски субјекти.
Министерот Фазлиу изразил подготвеност за соработка и ја поддржал идејата за идна заедничка средба во СКСЗМ.