СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги повика членовите на референдум наместо да шири невистини

Од:

СДСМ реагираше на прес-конференцијата на Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ. Реакцијата ви ја пренесуваме во целост.

„Повеќе од 12 години, ВМРО-ДПМНЕ во јавните настапи, во програмите, тврдеше дека за секое постигнато решение за спорот со Грција граѓаните ќе имаат можност да се изјаснат на референдум.

Денес, кога Договорот е постигнат, а одржувањето на реферндумот е извесно, ВМРО-ДПМНЕ ги менува ставовите и целосно е нејасно кој е нивниот став.

Таквото дејствување на ВМРО-ДПМНЕ е неодговорно, антидржавничко и спротивно на интересите на државата и граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ нема став, нема изградено политики на делување, едно зборува а друго прави.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, СДСМ и претседателот Заев имаат изградени политики, ставови и мислења за кои јавно и отворено зборуваат пред граѓаните, како што личи на секој одговорен политичар.
Тоа се однесува и за размислувањата и отворените можности за формулација на реферндумското прашање, кое ќе биде составено преку поширока вклученост на јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ да не ја кочи македонската иднина.

Наместо да шири лажни вести и невистини за постигнатиот Договор што го штити македонскиот идентитет и ја обезбедува македонската иднина, ВМРО-ДПМНЕ да излезе и да ги повика членовите на реферндум.

Волјата на граѓаните изразена на референдумот е конечна и обврзувачка за сите“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски