А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту еден договор нема да го подобри животниот стандард на граѓаните

by А1он06/07/2018 - 09:21121
Share0

ВМРО-ДПМНЕ испрати соопштение во кое што кажуваат дека Македонија тоне на сите полиња и дека владата на СДСМ донела милиони евра за фирмите на Заеви и картелот на власт.

Добивај вести на вибер

„Нула проценти раст на БДП за 2018 година и очајни 0.1 проценти раст на БДП во првиот квартал од 2018 година. Ова се резултатите од неспособноста и неработењето на црното економско трио Заев, Тевдовски и Анѓушев. Додека цела Европа доживува економска ренесанса, Македонија полека, но сигурно се движи кон мрачните времиња на криминалната транзиција. Секојдневно сме сведоци на протести на земјоделци и вработени кои со месеци не земале плата како во мрачните 90-ти. Додека граѓаните едвај го преживуваат месецот, црното економско триo ги брои милионите на своите сметки, од плантажите со марихуана, разни сомнителни тендери и трансакции, граѓаните се на работ на егзистенцијата. Нема просечна плата за граѓаните од 500 евра, нема плата од 100 илјади денари за докторите, а покрај покачената акциза се најавуваат повисоки даноци и давачки“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија додаваат дека ниту еден договор нема да го подобри животниот стандард на граѓаните.

„Ниту едно понижување на меѓународен план нема донесе живот во Македонија. Откажувањето од се што е македонско, македонскиот идентитет, јазик, историја и македонското малцинство од соседството, нема да ги плати сметките на граѓаните на крајот од месецот. Граѓаните во недела во Струмица имаат можност и ќе и кажат доста на оваа ненародна власт. ВМРО-ДПМНЕ ги поканува сите граѓани на Република Македонија на протестен марш во Струмица, во недела со почеток во 13 часот, во паркот во Струмица. Обединети и сплотени, ќе се собереме за Македонија и на Зоран Заев и на СДСМ ќе им кажеме дека Македонија ќе победи“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Горан Наумовски11/03/2026 - 08:08

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:29

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:11

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен