Томас ќе се обиде да ја продолжи кариерата во Орландо

Од:

Ајзеа Томас е на финална фаза во преговорите со Орландо и е пред потпишување договор со Меџик.

Тој последно играше за Лос Анџелес Лејкерс, каде се најде по трансфер од Кливленд Кавалирс, но одигра само 32 натпревари во сезоната 2017/2018, бидејќи долго време опоравуваше од операција.

Томас (29) имаше просек од 15.2 поени, 4.8 асистенции и 2.1 скока при 29.3 отсто успешност од тројка во споменатите 32 натпревари. За споредба, во претходната сезона (2016/2017) тој имаше 28,9 поени, 5,9 скока, 2,7 асистенции и 37.9 проценти успешност од дистанца во дресот на Бостон.

Томас сака да потпише со тим, во кој ќе добие доволно минути за да ја врати својата самодоверба и добра форма, демонстрирана во неговите претходни години како професионалец. Орландо има потреба од искусен бек и платата што може да ја понуди на Ајзеа е 8,6 милиони долари за една година.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот