Итна седница на британскиот Комитет за вонредни состојби поради сомнежот за ново труење

Од:

Комитетот на британската Влада за реагирање во вонредни ситуации одржа вонредна седница во врска со денешниот инцидент во областа Вилтшир во југозападна Англија, каде беа пронајден две лица во бессознание.

Портпарол на британската премиерка Тереза Мај соопшти дека случајот со две лица, кои најверојатно се затруени, го испитуваат припадници на антитерористичките полициски сили и се третира како „најсериозно можно” труење.

„Сан” објави дека двете лица имале симптоми „многу слични” на оние што ги имаа рускиот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, по труењето со нервен агенс што се случи кон крајот на март оваа година во англискиот град Солсбери.

Најновиот инцидент се случи во градот Амсбери, што се наоѓа на 13 километри од Солсбери.

– Имајќи ги предвид неодамнешните настани во Солсбери, припадници на антитерористичката мрежа работат заедно со колегите од полицијата на Вилтшир во врска со инцидентот во Амсбери, соопшти британската полиција.

Две лица се наоѓаат во критична состојба по, како што се претпоставува, изложеност на непозната супстанца.

Полицијата на округот Вилтшир соопшти дека станува збор за „голем инцидент” во кој се затруени маж и жена на возраст од околу четириесет години.

Полицијата го блокираше подрачјето кое луѓето го посетиле пред да паднат во бесознание, но здравствените работници соопштија дека не веруваат дека постои ризик по здравјето на други лица.

Двете лица првично биле примени во болница под сомневање дека се предозирани со опојни дроги.

Скрипал и неговата ќерка беа затруени во март со нервен агенс, за што Велика Британија ја обвини Русија, која отфрли каква било вмешаност во случајот.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Три жени ранети во престрелка во Англија