ВМРО-ДПМНЕ: Министерот Николовски продолжува да ги лаже земјоделците

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на изјавата на министерот Љупчо Николовски. Реакцијата ви ја пренесуваме интегрално.

„Министерот Николовски продолжува бесрамно да ги лаже земјоделците.

Тој не гледа проблем ни кога цената на бостанот се движи од 2-3 денари кога се враќаат пратки со домати од странство, заради карантински болести, а на повидок е повторно враќање на голема количина со праски.

Уште една голема лага се дополнителните средства за доматите кои ќе се носат на преработка во преработувачките капацитети ако се знае дека голем дел од нив почнуваат со работа кон крајот на август и почетокот на септември.

Николовски има амнезија и за ветувањата кои им ги има дадено на земјоделците. Тој вети дека 15 дена пред откупот ќе ги објавува и ќе ги гарантирате откупните цени и на откупувачите и на производителите.

Земјоделците не се должни да ги трпат празните ветувања на Николовски и Заев.

Земјоделците се понижени, а нивното достоинство згазено.

Државата и земјоделството тонат на секој можен поглед.

Николовски е крајно неспособен и нема капацитет да го води Министерството за земјоделство. Оваа неспособна и ненародна власт мора да си замине. Република Македонија заслужува подобро“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Набавката на електричните автобуси е задоцнета, имаше три години да се донесе ваква одлука вели Арсовска

Катерина Ѓуровски

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје