Заменик-министерот за одбрана Беким Максути, на покана на директорот за одбранбена политика во Министерството за одбрана на Австрија, генерал – мајор Јохан Френк, утре ќе престојува во работна посета на Австрија.
Како што соопшти Министерството за одбрана, на средбата ќе стане збор за политичката ситуација во Западен Балкан со акцент на надворешните влијанија и миграцијата, членството на Македонија во НАТО, интеграцијата во ЕУ и можностите за австриска поддршка како актуелен претседавач на Унијата.
За време на посетата, заменик-министерот за одбрана Беким Максути ќе оствари средба и со генералниот секретар во австриското Министерство за одбрана, Волфганг Бауман.