Во Кочани од утре манифестација „Петровденски конаци“

Од:

Од 5 до 12 јули во Кочани ќе се одржи манифестацијата „Петровденски конаци“, со која ќе се одбележи Петровден, празникот на градот.

Во програмата што заеднички ја организираат Општина Кочани и Центарот за култура „Бели мугри“ се влезени десет културни содржини од сценско-музичка, ликовна, литературна и тетарска дејност, како и спортски настан – Петровденски турнир во мал фудбал.

Програмата ќе почне со концертот насловен „Музика за флејта и пијано“ со флејтистката Златка Митева и пијанистката Наташа Трбојевиќ.

Во ликовниот перформанс на 6 јули ќе учествуваат Божица Милојевиќ, Владимир Темков, Новица Трајковски, Љупка Галаска Василев, Игор Љубовчевски-Љубац и Гордана Винчич, уметници кои ќе творат по инспирација од Кочани.

– Поетската вечер „На Јановден на конак“ ќе се одржи на 7 јули на тема „Јановденски обичаи“, а во етностил ќе бидат и разговорите за празникот Петровден, закажани за 9 јули, што ќе ги води проф. д-р Зоранчо Малинов. Своевиден куриозитет во програмата се двата музички настани: хип-хоп концертот на групите „Чиста околина“, „Токсилокози“, „Мартикс“ и ди-џеј Мастер Џи и концертот на составот „Фајтинг виндмилс“, кој на 10 јули вечерта во Паркот на револуцијата ќе понуди експериментален џез и пост-рок, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Театарската претстава „Пеликан“ во режија на Перо Даниловски ќе биде прикажана на 10 јули, на сцената на Центарот за култура „Бели мугри“, а ден потоа на истата локација, е Духовната академија по повод Петровден на која ќе настапат црковен хор и етногрупата „Портал“.

По повод празникот градоначалникот организира и прием за првенците на генерацијата и за наградените ученици од општинските и средните училишта, а на 12 јули Советот на општината ќе ја одржи свечената седница на која ќе бидат доделени највисоките општински награди и признанија.

Програмата финансиски се реализира со средства од буџетот на Општина Кочани и од Центарот за култура „Бели мугри“.

Би можело да ве интересира

Насилство во Кочани: Тројца мажи оштетиле возило, а еден од нив нападнал жена

На „Табановце“ е уапсен осомничениот за убиството во Кочани

Горан Наумовски

Притвор за 24-годишник од Кочани кој со нож избодел сограѓанин, го ранил во вратот и главата

Горан Наумовски

Уапсени двајца жители на Кочани за убиство на сосед

Предраг Петровиќ

МВР: Двајца мажи, пиеле со пријател, па го истепале, жртвата починала во својот дом

Жена од Кочани била нападната од сопругот

Горан Наумовски