Мајка ја нападнала ќерка си со нож во Скопје, нанесувајќи и убодни рани на ногата. Според полицијата, настанот се случил вчера, кога С.И.(20) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 13 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзината мајка.
Таа со нож и нанела три убодни рани во пределот на десната надколеница. На повредената и била укажана лекарска помош во Градска општа болница „8 Септември”. Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.