(ВИДЕО) Спасовски: Без градење личен и професионален интегритет се губи смислата на општествениот зафат

Од:

Може да имате беспрекорни идеи, проекти, концепти, процедури, но што од сето тоа доколку уште во самата основа сме пропуштиле да инвестираме во луѓето, и не само во нивната способност, стручност или експертиза, туку и во нивното професионално поведение, сфаќање, во нивниот етички и вредносен светоглед.

Ова меѓу другото, го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето денешно обраќање по повод почнувањето со работа на дводневната работилница за планирање и управување со интегритет, во рамки на Програмата за градење полициски интегритет што се спроведува во заедничка соработка на Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили и Министерството за внатрешни работи.

– Секоја реформа има своја цел. Но ниту една реформа не може да стигне до посакуваната цел доколку не се потпира на суштинските претпоставки за нејзино реално спроведување и операционализирање. Во центарот на тие претпоставки, пак, секогаш се наоѓа човечкиот фактор или човечкиот ресурс – оние што треба да ги реализираат зададените задачи, оние заради кои воопшто и постојат самите реформи, рече Спасовски.

Тој додаде дека без постоење или градење на личен и професионален интегритет се губи смислата, односно есенцијата на каков и да е општествен зафат – неговата кредибилност и веродостојност.

Според него, сосема е разбирливо зошто во изминатиот период, во рамки на Министерството за внатрешни работи, беше одлучено да се реафирмираат заложбите за креирање на квалитетна база на нови стандарди и вредности што ќе бидат во функција токму на воспоставување на повисоко ниво на професионален интегритет на сите вработени во министерството.

– Интегритет што од една страна ќе ги гарантира поголемата ефикасност и доследната законитост во работењето, а од друга страна ќе го почитува достоинството и професионалните квалитети на нашите вработени, истакна Спасовски.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ