Конференција „Македонски перспективи: Како до Европа?“

Од:

„Македонски перспективи: Како до Европа?“ е темата на конференцијата што денеска во Скопје ќе се одржи во организација на Цивил – Центарот за слобода и Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Како што најавуваат организаторите, на конференцијата треба да се обратат премиерот Зоран Заев, повеќе амбасадори на земји членки на ЕУ, партиски лидери, експерти и претставници на граѓанското општество, кои ќе говорат за важни аспекти на македонските перспективи, искуствата, задачите, предизвиците и придобивките од интеграциите во ЕУ и НАТО, за спогодбата со Грција и потребата од градење добрососедство.

– Оваа конференција ќе биде одлична можност, пред очите на јавноста, да се разменат мислењата и ставовите во една аргументирана дискусија, со вклучување на повеќе засегнати страни и носители на одлуки. Ова е придонес на ЦИВИЛ и МЦМС кон јакнење на јавната свест за најактуелните теми во општеството, во пресрет на важните одлуки кои треба да се донесат на државно ниво, но во кои граѓанките и граѓаните ќе бидат дел од процесот на носењето на тие одлуки. Со оваа конференција им се дава предност на политичкиот дијалог и на дискусијата заснована на факти, наспроти насилството, говорот на омразата и лажните вести, велат организаторите.

Конференцијата е дел од проектот „Слободни медиуми за слободно општество“ што ЦИВИЛ го спроведува со поддршка на Федералното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Би можело да ве интересира

Филипо: Пресудата против „Еуроклеар“ би можела да ја парализира ЕУ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

„Гардијан“: Европа мора да се однесува како Кина за да ја преживее ерата на хаосот

Дмитриев: Енергетската криза ги отвори „затворените очи“ на ЕУ

Горан Наумовски

Трамп: ЕУ до јули треба да ги исполни обврските од трговскиот договор

Коста: ЕУ се подготвува за можни разговори со Путин