Некогашниот најбогат човек во Бразил, Батиста е осуден 30 години затвор за корупција

Од:

Бизнисменот Ејке Батиста, кој пред неколку години се сметаше за најбогатиот човек во Бразил, е осуден на 30 години затвор за корупција и перење пари, јави бразилската телевизија „Глобо“.

Судот ја прифати верзијата на обвинението, според која бизнисменот му дал поткуп од 16,5 милиони долари на поранешниот гувернер на државата Рио де Женеиро Сержио Кабрал, кој беше уапсен во ноември 2016 година под сомневање за корупција. Поранешниот висок функционер беше прогласен за виновен во случајот и беше осуден на 22 години и осум месеци затвор.

Адвокатите на бизнесменот соопштија дека ќе поднесат жалба против пресудата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск