Животниот век во Грција ќе се намали за две години

Од:

Животниот век во Грција се очекува да се намали за две години, објави електронското издание на грчкиот весник „Прото тема“. Истражувањето на Националното училипте за јавно здравје (ЕСДИ) покажува дека последиците од економската криза за здравјето на населението се тешки.

Шест од десет граѓани ја одложуваат посетата на лекар поради финансиски причини. Болните од рак, кардиоваскуларни заболувања, дијабетeс, висок крвен притисок, белодробни заболувања, кои претставуваат 38 проценти од населението, заедно со возрасните и сиромашни лица се првите жртви на економската криза.

Според истражувањето на ЕСДИ, во рок од десет години животниот век во земјата ќе се намали за две години, поради влошувањето на квалитетот на животот на граѓаните. Загрижувачки се и податоците за детската смртност, каде по децениско намалување почнува да се бележи мало зголемување, наведува „Прото тема“.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната