(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Припадниците на специјалните единици во МВР се предмет на деградирање и шиканирање

Од:

СДСМ ја загрози државата на политички, економски, а сега ја доведува во опасност и на безбедносен план. Без никаков респект и без никаква оправдана причина, министерот Оливер Спасовски се пресметува со припадници на специјалните единици. Се делат решенија на десетици припадници на Единицата за специјални задачи „Тигар” и припадници на Единицата за брзо распоредување кои учествувале во акциите во Диво Насеље и „Планинска бура”, но и низа други успешни полициски операции, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, професионалците кои при насилните протести за случајот „Монструм” ги штитеа судовите и другите институции сега се предмет на деградирање и шиканирање.

„Надвор од законот и од системот на кариера, на овие обучени професионалци им се нудат решенија за пониски работни места и позиции за кои и не се неопходни нивните вештини. Доколку не прифатат, според информациите кои ги имаме следуваат закани со откази за нив. Дел од специјалците се префрлаат и со наредба на несоодветни места. Со ваквите потези, власта на СДСМ сериозно ја загрозува борбената готовност и капацитетот на полициските специјални единици“, вели тој.

Ѓорѓиевски додава дека овие специјалци се професионалци кои поминале разни обуки. Ова се професионалци кои учествувале во спасувачки мисии во регионот и секогаш биле на располагање во нашата земја. Во обуката на секој од нив се вложени десетици дури и стотици илјади евра.

„Спасовски и Заев сега одлучуваат со партиско-политичка одлука да ги девалвираат и префрлат во единица за службени кучиња или по куќаркит од кои се обезбедуваат дипломатско-конзуларни претставништва. Отворено се сомневаме дека единствената причина поради која што Спасовски го прави сето ова е политичка. Не се во прашање никакви стандарди туку единствено задоволување на барањата на коалициските партнери и полнење на елитните единици по партиски клуч. Со поставување на недоволно обучени и искусни полициски службеници во овие единици се загрозуваат животите и на сите останати. Најстрашно од се е што постои сериозен ризик, цената на политичките пазарења со специјалните полициски единици да ја платат токму нашите граѓани со сопствената безбедност“, додава тој.

ВМРО-ДПМНЕ предупредува СДСМ да престане да си игра со безбедноста на граѓаните. Да ги остави професионалците без притисоци да ја обавуваат работата за која што се обучени и за која што имаат најголемо искуство. Тие се најмалку виновни за неспособноста на раководството на МВР и нивната коалиција со криминалот. Партијата ги повикува сите оние на кои што им треба правна помош да се обратат до телата на партијата. Сите случаи на злоупотреба се документираат и ќе бидат процесуирани.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?