СДСМ: Мицкоски се обидува да ги направи граѓаните нервозни, Македонија ниже победи и оди напред

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешното видео-обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Во отсуство на конкретни ставови, политики, решенија, идеи, Христијан Мицкоски се обидува да ги направи граѓаните нервозни.

Неодговорно е својата нервоза Мицкоски да ја префрла на граѓаните.

Граѓаните знаат, после 11 години порази Македонија денес победува, ниже историски успеси.

Зачуван, обезбеден и зајакнат е македонскиот идентитет, еднаш-засекогаш.

Македонија добива покана за членство во НАТО, и тоа за неколку денови, на следниот Самит на Алијансата.

Обезбеден е датум за почеток на преговори за полноправно членство во ЕУ.

Македонија е слободна и демократска во која се враќа правдата а граѓаните и нивните потреби се во центарот на вниманието.

Платите растат, инвестициите се зголемуваат, повеќе пари завршуваат кај граѓаните, економијата се движи во вистински правец на раст и развој.

Победи на Македонија, коишто се поздравени и признаени од целиот демократски свет и од граѓаните.

Наместо да се обидува својата нервоза да ја префрла врз граѓаните, Мицкоски да им се извини за тоа што општина Струмица 11 години беше заборавена и намерно блокирана од централната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Токму Струмица е пример за европски град и општина за пример која не сака да се врати назад.

Граѓаните нема да дозволат никој повеќе да ја врати назад во времето на криминалот, изолацијата, поделбите и конфликтите.

Македонија ниже победи и оди напред“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски