Курц: Западниот Балкан заслужува членство во ЕУ

Од:

Австрискиот канцелар Себастијан Курц, на пленарната седница на Европскиот Парламент ги презентираше приоритетите на австриското претседавање со ЕУ, кое започна на 1 јули и ќе трае до 31 декември 2018 година, нагаласувајќи дека Западниот Балкан ќе фигурира на врвот на оваа листа.

– Европскиот проект ќе биде целосен само кога Западниот Балкан ќе и припаѓа на нашата заедница на нации, изјави Курц.

Тој посочи дека земјите од Западниот Балкан „не само што имаат европска перспектива која ја заслужија, туку заслужија и членство во ЕУ, и затоа го поддржуваме процесот на пристапување“.

– Воодушевен сум што спорот за името конечно се реши и што Албанија и Македонија се сега во позиција да отворат преговори, иако сакавме побрз процес.

Тој додаде дека е потребен постојан прогрес на патот кон членство во ЕУ и дека само така Унијата ќе успее да им се спротистави на другите земји кои го зголемуваат своето влијание во регионот.

– Мораме да се осигураме дека ќе го комплетираме проектот на ЕУ и да ги внесеме овие земји во ЕУ, рече австрискиот канцелар.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп