Во Гевгелија решени 79% од барањата за легализирање дивоградби

Од:

По истекот на дополнителниот трет рок за комплетирање на потребната документација за легализација на дивоградби, во Секторот за урбанизам на општина Гевгелија се евидентирани вкупно 5.167 барања за легализација на бесправните градби или на веќе поднесените 4.120 до крајот на јуни годинава, им се придружија нови 1.047 барања.

– Од вкупно поднесените барања од страна на граѓаните за легализирање на дивоградби, согласно Законот за постапување на бесправно изградени објекти, до 18 јуни решивме 4.084 или 79 отсто од вкупно поднесените барања. Во постапка на решавање имаме уште 1.083 барања кои се уште не се комплетирани, велат од Секторот за урбанизам на општина Гевгелија.

Според гевгелиските урбанисти, токму поради ваквите барања на кои претежно им недостасува геодетски елаборат или неплатен комунален надоместок, беше продолжен рокот за пријавување што го овозможија последните измени на Законот за третман на беправно изградените објекти кој заврши на 30 јуни годинава.

Како што предвидуваше и првото законско решение за оваа намена, услов за легализација на дивоградбите е тие да биле изградени заклучно со 3 март 2011 година.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Висар Ганиу и Ејуп Адеми му овозможиле легализација на уште еден малолетник Адис Беќаровски, врз основа на барање кога имал 5 години

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно

Обвинителството отвори предмет за деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир

ВМРО-ДПМНЕ: Во време кога нема автобуски превоз, Скопје се дави во ѓубре и се занимава со циркусот Данела, што сработи синот на Блерим Беџети за 12 илјади евра интелектуални услуги?

СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ повлекоа сопствена точка, само за да ја спасат урбаната мафија

Јовановска: ДПМНЕ избега од расправа за дивоградбите – Левица поддржува расправа за дивоградбите во сите општини

Предраг Петровиќ