Галатасарај е многу блиску до ангажирање на Дидие Дрогба. Според информациите челните луѓе на турскиот гигант се наоѓаат во Јужна Африка на Купот на африканските нации каде водат преговори со фудбалерот на Брегот на Слоновата Коска, Дидие Дрогба.
Наводно двете страни пронашле заеднички јазик, а преостанува само да се завршат некои ситни работи и да се потпише договорот. Како што пишуваат турските медиуми утре се очекува оваа информација да биде потврдена од страна на Галатасарај.