СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ треба да се изјасни пред граѓаните дали е за членство во ЕУ и НАТО

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„На ВМРО-ДПМНЕ и беше потребна дополнителна прес конференција за да ја покрие безидејноста и немањето аргументи на нивната пратеничката група.

Тоа што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ немаат аргументи и настапуваат само со ширење невистини и клевети не може да се покрие со исто таква прес конференција, без аргументи и со искажани невистини.

Ваквото однесување без политичка насока на делување уште еднаш ја потврдува конфузијата во којашто се наоѓа опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Конечно ВМРО-ДПМНЕ треба да се изјасни пред граѓаните дали е за членство на Македонија во ЕУ и НАТО.

Договорот за решение на 25 годишниот спор е патриотски чин во согласност со националните и државни интереси, препознаен и признат од целата домашна јавност и целиот демократски свет. Со него, еднаш засекогаш се гарантира и јакне македонскиот идентитет и се обебзедува европската иднина на Македонија и нејзините граѓани.

Никој, па ниту ВМРО-ДПМНЕ и Ѓорге Иванов нема сами да одлучуваат за македонската иднина, туку тоа ќе го сторат сите граѓани на непсореден и демократски начин преку референдум.

Ниту една закана, ниту една навреда и клевета од страна на ВМРО-ДПМНЕ нема да ја вратат Македонија во времето на изолација и поделби. СДСМ, граѓаните и сите институции нема да дозволат деструктивните сили да ја закочат македонската иднина. Македонија оди напред и запирање нема“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски