Оставеното бебе е згрижено во ЈУ Дом за доенчиња и мали деца во Битола

Од:

Женското бебе кое синоќа околу 2 часот по полноќ било оставено од непознато лице или непознати лица пред вратите на ЈУ Дом за доенчиња и мали деца во Битола, од денеска е згрижено во таа установа, а надлежните органи вршат истрага.

Директорката на ЈУ Дом за доенчиња и мали деца-Битола, Соња Илијовска, истакна дека по пријавата на настанот веднаш биле известени СВР-Битола и Центар за социјални работи-Битола, а на бебето му била укажана здравствена помош и детален здравствен преглед на Одделението за неонатологија во Клиничка болница-Битола.

– Женското бебе е здраво, згрижено и со максимална нега. Тоа е нашата основна дејност и задача, додека пак останатите служби и институции ќе постапуваат согласно надлежност, изјави кусо Илијовска.

Новороденчето веднаш по приемот е однесено во ЈЗУ Клиничка болница-Битола на детален преглед, при што е констатирана добра општа здравствена состојба, информираат денеска од МТСП.

Министерството за труд и социјална политика ги презема сите мерки во насока на заштита на новороденчето и обезбедување на соодветна грижа.

За останати информации во однос на истрагата и постапката, од МТСП упатуваат на Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Коњановски: Секој голем проект почнува од гласот на граѓаните

Битолската полиција со апел до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

(ВИДЕО) Коњановски: Целосна реконструкција на центарот за спорт и рекреативни активности во Битола

(ВИДЕО) Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

Горан Наумовски

Лажен лекар од лековерна битолчанка зема 27,000 евра, жртвата касно дозна дека е измамена

Горан Наумовски

Битола добива нов голем хотелски комплекс

Предраг Петровиќ