Изложба „Идентитети“ на Гордана Винчиќ во Крива Паланка

Од:

Во галерискиот простор на Националната установа Центар за култура, Крива Паланка, вечерва премиерно ќе биде претставена изложбата на дела од уметницата Гордана Винчиќ, „Идентитети“.

Делата се работени во техника масло на платно, а ќе бидат поставени вкупно 25 творби.

– Делата претставуваат искрен обид на авторката да го насочи вниманието на набљудувачот кон кризата на идентитетот со кој се соочува современиот човек, а во исто време и да ги охрабри дека преку душевно и спиритуално поклонение, следејќи ги божјите знаци, може да се чекори кон самоостварување, истакна Вања Јакимовска, директор на НУЦК, Крива Паланка.

Според Јакимовска, авторката Винчиќ е уметник кој е голема чест да биде претставен во установата пред кривопаланечката публика.

– Винчиќ е родена во Скопје, но твори во Малме, Шведска. Во Шведска досега реализирала преку 300 визуелно-уметнички работилници. Врз работата на Винчиќ големо влијание има нејзината мајка, уметник и историчар на уметност, но и татко и – припадник на првата генерација археолози во Македонија, додава Јакимовска.

Винчиќ реализирала бројни групни и самостојни изложби во Македонија, но и ширум светот. Добитник е на наградата стрип деби ѕвезда 2016 во Македонија, организатор е на „Арт симпозиум Скопје 2018“, а нејзина најкарактеристична изложба е „Transition“ остварена во Музеј на современа уметност „Пушкинскаја 10“ во Санкт Петербург, Русија во 2010 година.

Изложбата „Идентитети“ ќе биде отворена вечер во 19 часот. НУЦК Крива Паланка во јули најавува богата и разновидна културна програма.

– На 4 јули на плоштадот Карпошово востание ќе се оджи „4-та вечер на Осоговски песни“, со настап на група за старограски песни „Делчевски еснафи“, женска пејачка група „Ѓурѓа“, Делчево, ансамбл за староградска песна „Распеани Паланчани“, Крива Паланка, пејачка група „Сирма војвода“ при здружение на пензионери, Битола и градски хор-Штип. На 11 јули во киното при центарот ќе се одржи проекција на филмот „Исцелител“ во режија на Ѓорги Ставревски, најави Јакимовска.

Сите настани се поддржани до Министерство за кулутра на Република Македонија, а се дел од Годишната програма на НУЦК.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска