Движењето Беса на Билал Касами апелира до власта и до одговорните иституции да ги тргнат рацете подалеку од цивилниот сектор и од „Екогерила“ и да овозможи да ја вршат непречено нивната работа, и да не помислат на политизирање и уцена кон раководителите на цивилниот сектор.
„По повод реакцијата на невладината организација ‘Екогерила’ за притисок и нудење на пари од разни лица, дел од актуелната власт, со цел на замолчување на негативните појави во општеството особено за откажување од темата за главниот загадувач на Полог, ‘Југохром’, Движењето Беса остро ги осудува овие притисоци кои се вршат спрема цивилниот сектор кој делува во добробитије на сите граѓани“, велат од партијата.
Од таму, како што велат, го потикнуваат цивилниот сектор да го подигнат гласот кон секоја негативна појава, и да не се одврати од притисоците на власта.