Осумгодишно дете од Слупчане прегазено со автомобил

Од:

Осумгодишно дете од кумановското село Слупчане е повредено откако во него удрил автомобил „опел корса“.

Детето со тешки телесни повреди е пренесено во Општата болница во Куманово од каде по укажаната лекарска помош е префрлено во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Несреќата се случила вчера околу 15 часот на локалниот пат од село Слупчане до село Руница. Возилото го управувал Б.И. (30) од селото Слупчане со привремен престој во Швајцарија.

Увид на местото на настанот е извршен од страна на екипа од СВР Куманово.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип