Во пресрет на Грен слемот Вимблдон, АТП ја објави најновата ранг листа на која нема промени на водечките позиции.
Лидер и натаму е Шпанецот Рафаел Надал со 8.770 поени, пред Роџер Федерер (Швајцарија) со 8,720.
Далеку зад нив се Александер Зверев (Германија) со 5.755 поени, Хуан Мартин дел Потро има 5.080, а петтопласираниот Марин Чилиќ 5.060.
Во ТОП 10 уште се и: Григор Димитров (Бугарија), Доминик Тим (Австрија), Кевин Андерсон (ЈАР), Давид Гофин (Белгија) и Џон Изнер (САД).
Од македонските тенисер со најдобар рејтинг е Томислав Јотовски кој се наоѓа на 542. позиција со 60 поени.