Пензионерски викенд на Илинска Планина, Демир Хисар

Од:

Високо на падините на Илинска Планина, над селото Големо Илино, на зарамнетиот дел на планинскиот превој и самата граница помеѓу општините Демир Хисар и Дебарца, викендов кај манастирот „Св. Илија“, пензионери од општините Демир Хисар, Охрид и Дебарца, како и гости од здруженијата на пензионери од градот Врање, Србија и Поградец, Албанија одржаа заедничко викенд дружење.

Собирот на пензионерите го поздравија градоначалникот на општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски, и градоначалникот на општина Дебарца, Зоран Ногачески кои заеднички потврдија дека средбите на пензионерите на Илинска Планина се традиција која придонесува да не се заборават Илинденскиот Демир Хисар и славна Дебарца.

– Овие средби ги обединуваат активностите на двете соседни здруженија на пензионери и истата е од исклучителна важност, не само поради придонесот што го има во зачувувањето на културната традиција и негување на фолклорот, туку е значајна и поради тоа што дава можност за дружење, социјализација и подолг и поквалитетен живот на пензионерите, истакна градоначалникот на Демир Хисар, Марјанче Стојановски на викенд средбата на пензионерите на Илинска Планина.

За време на престојот во манастирскиот комплекс „Св. Илија“, кај селото Големо Илино, учесниците од Србија, Албанија и од Македонија биле запознати со изградбата на двата конаци и обновата на црквата „Св. Илија“, информираат од секторот за односи со јавност на општина Демир Хисар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Историска измама, со линеарното покачување власта ги краде пензионерите

Владата донесе одлука: Ќе има покачување на пензиите

Горан Наумовски

Пензионерски кредит до 60.000 МКД за 10 минути!

Двајца прилепчани се осомничени дека предизвикале пожар во Демир Хисар

Левица: Директорот сака да го укине превозот на работниците во психијатриската болница – Демир Хисар

Болницата во Демир Хисар во хорор состојба – за директорот од ЗНАМ условите се добри