СДСМ: Македонија реди историски успеси, граѓаните нема да дозволат деструктивни сили да ја закочат македонската иднина

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„После 11 години изолација, поделби, деструкција и назадување заради криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, после 11 години порази на внатрешен и надворешен план, Македонија денес конечно реди уисториски успеси и победи.

И покрај деструктивното и антидржавно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија одлучно оди напред по нејзиниот пат кон ЕУ и НАТО, пат што е точно определен.

Македонија добива покана за полноправно членство во НАТО на следниот самит на Алијансата, а веќе доби и датум за преговори со Европската унија. Тоа е остварување на стратешките интереси на Македонија и нејзините граѓани.

Единствено ВМРО-ДПМНЕ не може да го прифати успехот на Македонија што е препознаен, признаен и вреднуван од целата јавност и целиот демократски свет.

Му се допаѓало тоа на ВМРО-ДПМНЕ или не, времето на изолација, конфликти и поделби заврши. СДСМ, граѓаните и институциите нема да дозволат деструктивните сили да ја закочат македонската иднина. Македонија тргна напред и враќање назад нема.

Ако ВМРО-ДПМНЕ навистина се за членство во ЕУ и НАТО тогаш ќе дадат поддршка на Договорот којшто го обезбедува идентитетот и ги остварува националните и државни интереси. Во спротивно, нивните декларативни заложби се само празни флоскули преку кои ја лажат јавноста“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт