Илјадници луѓе кои присуствуваа на погребот на 35 луѓе, загинати во вчерашнитре немири во египетскиот град Порт Саид, и извикуваа пароли против претседателот Мухамед Морси.
Насобраниот народ извикуваше „Нема друг бог освен Алах, а Морси е непријател на бог“.
Луѓето кои ги носеа ковчезите на загинатите извикуваа „Луѓето сакаат соборување на режимот“.
Церемонијата беше запрена откако полицијата употреби солзавец врз народот и се слушнале неколку истрели, но по кратко време погребот продолжил.
Спортед официјалните податоци 37 луѓе, меѓу кои и двајца полицајци, загинаа во вчерашните немири во Порт Саид кои избија по изрекувањето на 21 смртна пресуда на фудбалски натпреварувачи, кои учествуваат во насилството на минатогодишниот фудбалски натпревар, при што загинаа 74 луѓе.