А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Ако ВМРО-ДПМНЕ е за членство во ЕУ и НАТО, тогаш ќе го поддржат Договорот со Грција

by А1он30/06/2018 - 16:20224
Share0

СДСМ реагира на денешната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Добивај вести на вибер

„Симболика или скриено значење? На која „траекторија“ мисли Мицкоски?

Го потсетуваме Мицкоски, одбраната на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ не оди патот за членство во ЕУ и НАТО.

Македонија тргна напред, граби по нејзиниот пат кон ЕУ и НАТО кој точно е определен. Нема друг пат за членство во ЕУ и НАТО, за македонската иднина.

На другата страна е враќањето назад во темното минато на криминалот и корупцијата што 11 години ја уназадуваше Македонија и ја оддалечуваше од демократскиот и развиениот западен свет.

Македонија добива покана за полноправно членство во НАТО на следниот самит на Алијансата. По добивањето датум за преговори со Европската унија, уште еден историски успех за сите наши граѓани.

Македонија чекори напред кон полноправно членство во НАТО и ЕУ со што се исполнуваат клучните стратешки национални интереси на земјава и на сите нејзини граѓани.

Успехот на Македонија е признаен, препознаен и вреднуван од целиот демократски свет, од ЕУ, од НАТО.

Се потврдува дека Договорот со кој се решава 25 годишниот спор со Грција е патриотски чин. Го зајакнува и гарантира македонскиот идентитет и јазик и ги отвора вратите за влез во ЕУ и НАТО.

Ако Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ навистина се за членство на Македонија во ЕУ и НАТО тогаш ќе го поддржат Договорот кој ја обезбедува македонската иднина.

Декларативните, празни зборови на Мицкоски немаат никакво значење без конкретен чекор.

Во спритивно, остануваат сомнежите дека Мицкоски останува на траекторијата на Никола Груевски и одбрана на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ“ се вели во реакцијата на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 12:22

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Горан Наумовски19/03/2026 - 19:36

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 14:0617/03/2026 - 17:20

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 13:3017/03/2026 - 13:34
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен