Специјалци ќе работат како полицајци, оти се бунтувале за одлука на МВР

Од:

МВР се реваншира на припадници од Единицата за специјални задачи со 18 решенија со кои прави нивна прераспределба на пониски работни места, тврдат извори од МВР за “А1он”. Причината за овој чекор на МВР е бидејќи тие реагирале на одлуката за заменик командир во ЕСЗ да биде поставен Албанец, па откако првите луѓе во МВР се откажале од оваа одлука, почнале притисоците врз вработените во ЕСЗ.

Половина од решенијата се донесени откако специјалците сами побарале нивно прераспределување под притисок од високи структури, а останатите по одлука на челници во МВР. Во идниот период МВР ќе донесе нови 30-на решенија, со што вкупната бројка на прераспределени специјалци кои поради бунт ќе бидат санкционирани ќе достигне 50 лица.

Дел од специјалците кои досега се распределени, ќе работат во полициски станици од општа надлежност, со образложение од МВР дека тоа е по потреба на службата, тврдат извори за “А1он”. Некои од нив контактирале и со адвокати за да ја обжалат одлуката на МВР.

На почетокот од месецот МВР ги демантираше медиумите дека ќе има кадровски промени во ЕСЗ.

“Промени нема, зошто нема основи да размислуваме за такви работи. Имаме структура која работи професионално, а таму кај што ќе почувствуваме дека има некакви аномалии, дека има непочитување на одредени принципи секако дека ќе правиме промени”, изјави министерот Оливер Спасовски на почетокот од месецот.

Од Министерството засега молк. Оттаму не одговараат поради која причина им се делат овие решенија за прераспределби на специјалците, неколку недели по бунтот во ЕСЗ, иако Спасовски најави дека нема да има промени во оваа единица.

Би можело да ве интересира

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он