Контрацептивни пилули земаат животи во Франција

Од:

Француската агенција за лекови ја потврди смртта на четири жени директно поврзана со тромбоза на вените предизвикана од контрацептивните пилули „Диане 35“.

Со новите четири официјално потврдени случаи, бројот на смртните случаи поврзани со земањето на тие контрацепривни пилули, според „Фигаро“, се искачи на седум. Таа таблета на починатите жени им се препишувала како контрацептивно средство.

Според информациите на француското радио „Франс инфо“, биле забележани уште 125 случаи на тромбоза поврзани со земањето на таа пилула. Пилулата ја изработува фармацевтската индустрија Бајер, во Франција таа има дозвола за продажба како лек против акни од 1987 година, но не и како контрацептивна.

Против производителот се поднесени неколку тужби, а во текот на наредните денови се очекуваат нови стотина тужби од жени што имале проблеми со таа пилула. Според проценките, во моментов неколку стотини илјади жени земаат пилули од третата и четвртата генерација, кои можат да предизвикаат тромбоза. Министерствотот за здравство најави испитување на ефикасноста на овие пилули.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт