(ВИДЕО) Беса: Власта ја зема правдата во свои раце за да ја потисне албанската опозиција

Од:

Сè додека имаме власт која ја зема правдата во свои раце со цел потиснување на албанската опизиција далеку сме од членство во Европската Унија, обвини Катриот Реџепи од Движењето на Беса на чело со Билал Касами. Тој апелираше до власта да се откаже од, како што рече, политичките влијанија и да се ангажира за вистинско реформирање на судскиот систем.

„Примери за судската неефикасност и за судство контролирано од власта се случајот ‘Алфа’ каде невини лица се во затвор иако има доказ дека не се сторители, потоа случајот за Алмир каде противправно се преквалификуваше делото. Исто така, пример за неефикасност на судството има и во случајот со нападот врз пратениците од 27 април минатата година каде обвинението за едно лице за напад врз пратеник од обид за убиство е сменето во учество во толпа“, рече Реџепи.

Според него, правен преседан е и случајот за Движењето Беса, кој, според него, власта намерно го одолговлекува.

„Со приклучување на едната Беса во власт, нè ставија во судски лавиринти и власта намерно го одоолговлекува процесот за нас како опозиција да ни се наштети сакајќи целосно нашата енергија да ја пренасочиме кон правната битка“, рече Реџепи.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Влен: ДУИ ја вмеша и претседателката на Косово во барањето спас од одговорноста за криминалиите

Горан Наумовски

БЕСА ги избра кандидатите за министри и заменици во новата Влада

A1on

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски