Средба на Мицкоски со Бенџамин, директорот на НДИ за Европа: Стратешки приоритет на Македонија се ЕУ и НАТО

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, придружуван од генералниот секретар Игор Јанушев, оствари средба со Роберт Бенџамин, директор на Националниот демократски институт (НДИ) за Европа и претставниците на НДИ за Македонија, директорот Крис Хеншоу и неговиот заменик Роберт Скот Хејзлет.

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во земјава, но и за стратешките цели на Република Македонија како влезот во ЕУ и НАТО.

Мицкоски и Бенџамин ја поздравија досегашната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и НДИ и беше заклучено дека постои можност за нејзино понатамошно унапредување.

Мицкоски го информираше директорот на НДИ за Европа, Бенџамин за немањето демократски капацитет и злоупотребата на институциите од страна на власта. Тој исто така се осврна на немањето капацитет на власта да ги спроведе реформите и да се справи со корупцијата што беше потврдено и на состанокот на министрите на земјите членки на ЕУ поради што земјава не доби покана за членство во унијата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изрази загриженост за лошата економска ситуација во која се наоѓа државата што резултира со се поголемо осиромашување на граѓаните на Република Македонија.

Мицкоски посочи дека стратешки приоритет на Република Македонија е членството во ЕУ и НАТО, кое треба да биде резултат на спроведени реформи и владеење на правото, а не на штетни договори кои наидуваат на осуда во јавноста.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место