СДСМ: Само ВМРО-ДПМНЕ не се радува на македонскиот успех, не можат да прифатат дека земјата се врати на вистинскиот пат

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Димитар Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Само ВМРО-ДПМНЕ не се радува на македонскиот успех. Се поочигледна е неразбирливата нервоза за постигнатиот успех на Македонија којашто се манифестира во нивните изнесени лажни вести и измислици.

Македонија доби кристално чист датум и и утврден пат за подготовка за преговорите кои ќе започнат во јуни 2017.

Во Извештајот на Советот на ЕУ, јасно е наведено дека Советот се согласува позитивно да одговори на напредокот на Република Македонија и го поставува патот кон отворање на пристап преговорите во јуни 2019 година.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да прифати дека од „заробена држава” Македонија успеа да се врати на вистинскиот пат, на евро-атлантскиот пат на иднината и затоа очајно се обидува да ја манипулира јавноста.

Лажните вести, неаргументираните обвинувања и манипулации се единствената стратегија на опозициската партија којашто треба да да се присети на уште еден дел од заклучоците на Советот на министри на ЕУ којшто зборува за „судските реформи и проактивните истраги, обвиненијата и конечните пресуди во случаите на корупција и организиран криминал, вклучително и на високо ниво“.

На ВМРО-ДПМНЕ треба да му биде јасно дека Македонија тргна напред и враќање назад нема“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски